МАКЕДОНИУМ: Кој се плаши од постоењето на Македонија, Македонци и Македонска нација?

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Ние Македонците, до каде што не има, предадени и продадени од домашните квислинзи, мораме да се самоорганизираме во Се Макадонски Национален Фронт за да се одбраниме од новиот "Солунски Фронт" пред да ни се случи нов "Букурешт"!

Еве ја мојата порака до Ципрас, Дачиќ, Борисов..., но и до Рама и нивните несудени "Европски" покровители:

Вашиот страв од постоењето на Македонија и Македонски народ доаѓа од вашата историска несигурност околу вашиот сопствен национален идентитет и од тоа што вашите претходници и имаат направено на Македонија и Македонците.

Ако секој од вас тврди дека дека Македонија " историски" ви припаѓа вам, тогаш кажете му на светот зошто кога вашите држави беа формирани пред само стотина години со помош на вашите несудени " Европски" кумови , не го зедовте името Македонија?!
Зошто со војни меѓу вас ја делевте таа иста Македонија?!

Знаете зошто?

Затоа што сте осудени да живеете во страв од несигурноста околу вашиот сопствен национален идентитет.

Затоа што вечно ќе бидете во сенката на големата историска неправда што вие и вашите светски покровители и ја направивте на Македонија и нам Македонците.

И затоа јас ви велам:

МАКЕДОНИЈА е нашето Име и Идентитет,
нашата Гордост и Достоинство!

MACEDONIA is our Name and Identity,
our Pride and Dignity!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top