Македонката Христина Mrs Australia Globe 2016 гостинка на Македонскиот Фестивал во Вилиамстеон

Бидете и вие дел од овој Македонски Фестивал на кој Австралиската јавност се запознава со македонската храна и култура и се одржува на место на кое доликува да се одржува ваков културен настан..

Во недела на  27-ми Ноември 2016 година ке се одржи Македонскиот фестивал во Вилиамстеон, Мелбурн.

Македонката Христина Ристески победничка на овогодинешното издание на Mrs Australia Globe 2016 ке биде специјална гостинка на фестивалот во недела.

Прекрасната Христина е родена во Австралија, а нејзините родители потекнуваат од Прилеп.

Овој Македонски културен фестивал привлекува се повеќе посетители и учесници каде што се промовира Македонската култура, храна, традиција и вредности.

Организаторите ве покануваат во недела да го посетите овој фестивал во Вилиамстеон и да уживате, а воедно и со вашето присуство да допринесете за зачувување на Македонската култура и традиција овде во Австралија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top