Македонски и грчки компании ќе се сретнат во Стопанската комора

Планирано е да се одржат и директни средби меѓу македонските и грчките компании..

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе бидат презентирани можностите што ги нуди градот Солун за унапредување на билатералната соработка со македонските бизнисмени.

Пред членките на Стопанската комора на Македонија ќе бидат претставени новите услуги на солунското пристаниште, транспортните и логистичките компании, хотелските капацитети и туристичките агенции. 

Планирано е да се одржат и директни средби меѓу македонските и грчките компании.

На настанот ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Настанот се организира на иницијатива на Економско-трговското одделение при Канцеларијата за врски на Република Грција во соработка со Стопанската комора на Македонија. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top