МАКЕДОНСКИ ВЛАДИ, ИНСТИТУЦИИ, СЕМЕЈСТВА И ЛУЃЕ

Политичка анализа на Вангел Патеров.

Моите неделни статии опфаќаат извештај за нашата сесија во „THE SONS AND DAUGHTERS OF ALEXANDER THE GREAT COFFEE CLUB“.

Се надевам дека забраната нема да трае повеќе од уште два месеци и ќе можеме да се вратиме во нормална. 

Коронавирусот се забавува во Австралија и неколку други држави, но САД, Европа, Иран и неколку други го осетија најлошото.

Вечерва сакам да ги изразам моите размислувања за Македонија, нашето собрание со сите свои проблеми и болката низ која што минуваат Македонците дома и во дијаспората.

Го поставувам прашањето зошто страдаме? Која е причината? Како можеме да го решиме проблемот?

Мислам дека сите Македонци на светско ниво веројатно си го поставуваат истото прашање.

Она што ќе го кажам јас може да ве навреди некои од вас, но вистината е болна, но треба да се земе во обзир, ако може да ви го подобри животот и да води кон среќа и стабилност и посилен однос со членовите на вашето семејство и други.

Мојата сопруга Софи и јас како многу други веруваме дека стабилноста, среќата и успехот започнуваат од дома.

Зошто? Можеби ќе прашате. Да земеме за пример еден пар, маж и жена, тие се запознаваат, се вљубуваат, се венчаат. Се е добро. Тие се благословени со деца. Поради нивната силна љубов децата живеат во атмосфера на љубов. Заради тоа, таа блискост, како и сврзувањето придонесуваат за среќата и да има разбирање и дисциплина. Сите тие работат, децата учат и родителите на своите работни места.

Ова е квалитетно семејство. Ако имате напредни семејства, ќе имате квалитетна заедница.

Јас нема да го споменам алтернативното семејство, бидејќи сите знаете дека тие постојат во нашата Заедница.

Имаме многу квалитетни семејства и поединци кои работеа напорно со дисциплина во постигнувањето на нивните нивните цели во животот. 

Не само во Австралија, туку и на светско ниво и Македонија-Лекари адвокати, психијатри, наставници, писатели, пијанисти, композитори, поети, професори, режисери на филмови итн...

Потоа има успешни македонски бизнисмени на светско ниво.

Најмногу разочарувачки се нашите политичари и нивните партии.

Тие не успеаја да донесатстабилност и подобра иднина за македонското население.

Правниот систем нема моќ заради искривените и корумпирани политичари што го контролираат.

Двете најголеми партии ДПМНЕ и СДСМ стојат наизменично во Владата уште од кога Македонија Гласаше да се раздели од Југословенската федерација во 1991 година.

Смешно е да се види сегашната Влада на Заев да го продаде нашето име, идентитет, историја, на Грција за Македонија да стане членка на НАТО и понатаму и да стане член на Европската Унија.

Ова е тотално заради несоодветните политичари кои го поробуваат македонскиот народ во едностраниот Преспански договор. Иднината е мрачна за нашата Македонија.

ИНТЕГРА - КОНЗЕРВАТИВНА ПАРТИЈА

Претстојните избори во Македонија ќе бидат застрашувачки бидејќи би доминантните и поголемите партии би можеле да биат изгласани и да вормираат коалиција со Албанска Партија.

Единствено светло е ново-формираната партија ИНТЕГРА на чело со својот моќен лидер професор Љупчо Ристовски.

Имав задоволство да се сретнам со него кога тој беше во посета на Австралија и тој дојде на на една од нашите средби во „THE SONS AND DAUGHTERS OF ALEXANDER THE GREAT COFFEE CLUB“ и направи интервју со Живан Ренден.

Тој беше најимпресивен. Верувам дека неговите политики се одлични и тој има добар тим.

Тој е верник и не е корумпиран.

Македонија и Македонците имаат потреба од нови политичари.

Префесорот Љупчо Ристовски направи влијание и во една неодамнешна анкета на која ИНТЕГРА водеше пред ДПМНЕ и СДСМ.

ДА ЈА СПАСИМЕ МАКЕДОНИЈА И ДА ГЛАСАМЕ ЗА ИНТЕГРА И ЉУПЧО РИСТОВСКИ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top