Македонскиот Дон Кихот во поход за пусти пари проклети

Пусти пари проклети, алчноста за пари ја уништува Македонија и Македонецот, таков е случајот со пожарникарот од Богданци кој лови во матно и време е да ја информираме јавноста.

Македонија земја мала со околу два милиони народ се наоѓа во политичка криза веќе долги две години.

За овие две години се изнагледавме се и сешто.

Она што е најсимптоматично е што партии, здруженија организации владини и невладини секој ден никнуваат како перчурки и сите се претставуваат од патриотски попатриотски демек ќе ја спаселе Македонија, но за жал досега не видовме ништо од сето тоа.

Една таква која се појави во последно време е СеМакедонскиот Национален Совет- Македониум од која што бев дел и јас и од која што јавно се повлекувам.

Причината поради која што донесов ваква одлука е самоволието на самопрогласениот претседател на МАКЕДОНИУМ, Страшко Олумчев.

Имено гореспоменатиот најпрво сам себе си се прогласи за Претсеедател потоа именува координатори ширум светото, меѓу кои бев и јас.

На почетокот сите бевме со големи очекувања од оваа организација за иднината на Македонија, но за жал како што одминуваше времето не видовме никакво дејство за борба против излез од кризата на Република Македонија.

Она што го видов е дека Претседателот не случајно си направил тим од нашинци надвор од државата.

Како што одминуваше времето тој почна да бара пари на скоро секој еден од таканаречените координатори со образложение дека му требале пари за да ја регистрира организацијата.

Иако му беа пратени пари за таа цел од нашинци од дијасдпората до ден денешен не видовме регистрација,сепак фотографиите од средбите по кафаните доволно зборуваат.

Потоа направи повторно побарување за да можел да патува по градовите и да остварувал средби и настапи на локални телевизии.

На многумина им е познат по честото барање пари од Македонци надвор од Македонија и многумина и му имаат дадено.

На интернет се појавија негови фотографии претставен како Дон Кихот и токму некои негови постапки може и навистина да се направи паралела помеѓу овие два лика.

Како што Дон Кихот сам со својот пријател Санчо Панса тргнал да го бара правда и сам себе си да се прогласува за витез овде Страшко сам тргна да бара нешто криејки се зад патриотизмот.

Имено во Македонија стана јасно дека најлесниот пат да се профитира е да влезеш во политика, па веројатно поведен од таа мисла и гореспоменатиот мислеше дека ке успее да си ја надоплни финансиската дупка во домашниот буџет преку една ваква пред се патриотска организација, а на сите им е добро познато дека сите во дијаспората се големи патриоти.

Ова со дијаспората не му успеа дека ретко веќе некој дава пари на жими мајка, но тој имаше и план Б, односно се надеваше дека ако како организација ја напаѓа власта таа ќе се исплаши од него и ќе се обиде да го поткупи, но за жал и тоа не му успеа барем досега не.

Неговото самоволие одеше до таму што тој беше и Претседател и благајник и потпарол на МАКЕДОНИУМ.

На социјалната мрежа Фејсбук имаше група на СеМакедонскиот Совет МАКЕДОНИУМ каде што исто така сам донесуваше одлуки кој да биде администратор кој член и дел од нив сам ги отстрани од администратори за што постојат и докази и се со цел сам да ја контролира целата работа.

Еве еден доказ:

Поради овие причини и поради тоа што јасно увидов дека од оваа организација Република Македонија нема ама баш никаква корист јас Никола Ставрески јавно се повлекувам.

Порталот Фаланга повеќе од една година објавуваше негови текстови, и исто така му уредивме неколку интервјуа на локални радиостаници во Мелбурн на негово барање и мислевме дека станува збор за голем патриот загрижен за својата земја, но сега доаѓаме до заклучок дека станува збор за човек желен за слава и публицитет по медиумите и секако ако може да се профитира.

За жал на секого му е познато дека патриотизмот и грижата за државата не се покажуваат од пред компјутер или од ТВ екраните.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top