Македонскиот Етно бенд Синтезис денес тргна за Австралија

Не пропуштајте ја можноста да присуствувате на овој спектакуларен настан во Мелбурн и Сиднеј.

По повеќе од една деценија Македонскиот популарен Етно бенд Синтезиз се враќа на нова турнеја во Австралија.

Со голем ентузијазам и желба да ја претстават Македонската Етно музика пред Македонците во Австралија Синтезис денес тргнаа на пат за Австралија.

Синтезис се една од најпознатите Македонски групи составена од професионални музичари кои што имаат стекнато меѓународна популарност.

Бендот свири претежно Македонска етно музика во комбинанција со модерни аранжмани и ги користат скоро сите традиционални македонски инструменти: Кавал, Гајда, Зурла, Тапан, Тарабука и Тамбура.

Синтезис ќе одржат два концерти еден во Мелбурн и еден во Сиднеј.

Концертот во Мелбурн ќе се одржи во Thornbury Theatre на 23ти Ноември, а концертот во Сиднеј ке биде во Factory Theatre на 21ви Ноември 2019 година.

Влезниците се скоро распродадени затоа доколку сакате да бидете и вие дел од еден спектакуларен настан не чекајте туку кликнете на следниов  ЛИНК каде можете да си обезбедите влезница или можете да се јавите на 0420 976 847.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top