Македонскиот фестивал на храната ќе се одржи на 28 Октомври во Footscray Park

Почнувајќи од Williamstown 2012 година Македонскиот фестивал на храната, прерасна во еден од десетте најпопуларни фестивали во Викторија..

На 28 октомври во Мелбурн, Австралија по седми пат ќе се одржи Македонскиот фестивал на храна.  И овој пат македонските културно уметнички друштва, спортските клубови, заедно со социјалните друштва ќе ја претстават  Македонската култура преку храна, песна и оро овде во далечна Австралија.

-Се започна во 2012 година во Williamstown, кога фестивалот се одржа за прв пат.  Од година во година  фестивалот, растеше, се подобруваше и ги менуваше локациите зависно од потребите за поголем и поубав простор. Неколку години по ред се одржуваше во Саут Моранг и еве годинава по втор пат се одржува во западниот дел од градот. Со години овие самоиницијативни борци доброволно работат за да истакнат се што е македонско, вели Лидија Нешковски, која скоро 10 години е претседател на МАСО (Macedonian- Australian community organization).

Како и секогаш,  фестивалот ќе биде збогатен и со културно уметничката програма. 

Оваа година покрај повеќето културно уметнички друштва од Викторија, свој придонес со своето присуство ќе дадат и пет културно уметнички друштва од Сиднеј. 

Фестивалот ќе се одржи на 28 Октомври, само една недела пред Melbourne Cup  поради што се очекува тој настан да има многу посетители и од странство кои ќе престојуваат во Мелбурн и кои ќе можат да го вкусат вкусот на Македонската традиција проткаен преку нашата храна и зачинет со македонско оро и песна велат организаторите.

Како и секоја година и оваа година ќе настапат македонските пејачи кои дополнително ќе го го збогатат настанот и со тоа уште повеќе ќе се почувствува Македонштината овде на најдалечниот континент.

Почесни гости ќе бидат Russichi, Sam Goroya и Golden sands. Со гордост и понатаму ќе продолжи оваа убава традиција со која се презентира во најубав сјај сето она што е македонско, со посебен акцент на Македонската храна, нашите народни носии, песни, ора, како и македонска литература. 

Фестивалот како настан, отвора патишта за натамошни продлабочувања на врските со многубројни етнички групи во Викторија и пошироко во Австралија. 

Ова е единствен македонски фестивал кој зазеде посебно место во календарот на популарни настани во Мелбурн. Честитки до сите кои несебично се залагаа од самиот почеток до ден денес. 

Организаторите ги покануваат сите Македонци и нивни пријатели да  одвојат дел од своето време и со своите семејства да дојдат да го вкусат вкусот на Македонската храна, да уживаат во богатата културно уметничка програма ивоедно да ја продолжат традицијата на своите предци кои што со години овде во далечна Австралија се бореле да зачува она нашето Македонското.

За повеќе информации и детали обратете се до Македонската организација на Заедницата (MACO) на [email protected]

Датум: 28 Октомври, 2018 

Почеток: 10.00 часот наутро 

Место: Footscray Park Ве очекуваме!


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top