„Македонските Бугари“ бараат да се пишат како конститутивен народ во уставот на државата и бараат попис

Денеска во Куманово се формира Алијанса на македонските Бугари – движење за национално единство и спас (АМБ-ДНЕС)..

Целта на ова граѓанско здружение е „македонските Бугари да се впишат како конститутивен народ на Република С. Македонија“.

Во соопштението потпишано од претседателот на АМБ-ДНЕС Драган Цветковски се вели дека е „време да се спроведе попис на населението, со што би покажале дека македонските Бугари се релевантен фактор за стабилноста и сигурноста на државата.

Оттаму велат оти македонските Бугари се народ кој веќе е признаен и препознаен во Европската Унија и како такви македонските Бугари ќе бидат дел од македонската европска администрација, каде ќе покажат и докажат дека Република Македонија може и треба да стане дел од семејството на народите на Европската Унија.

Нашиот слоган кој произлегува од вредностите на Европската Унија, доволно покажува колку сме како народ битни за стабилноста и сигурноста на Република С. Македонија – ние не сме камен на сопнување – туку мост на спојување, се наведува во соопштението.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top