Македонските фудбалски клубови во Австралија ќе можат да ги вратат старите етнички имиња

Добра вест за Македонските и сите други етнички фудбалски клубови во Австралија..

Фудбалската федерација Австралија (ФФА) објави дека ќе им овозможи на клубовите да се вратат на нивните традиционални имиња и симболи.

Во суштина, овој потег ќе им овозможи на тимовите низ целата земја да се вратат на своите етнички корени - нешто што навивачите и клупските претставници го чекаат долго време.

Клубовите низ Австралија можат да ги променат своите имиња и логоа назад во она што некогаш биле, па дури и да носат национални знамиња на стадионите.

На пример, Македонскиот фудбалски клуб Престон Лајонс, ќе можат да си го вратат своето старо име Престо Македонија, Алтон Меџик ќе можат да бидат Алтона Вардар, Лалор Јунајтед можат да се преименуцаат во Лалор Слога, Пленти Вели Лајонс во Лерин, Сиднам Парк во Сиднам Македонија, Сиднеј Јунајтед во Сиднеј Кроација итн...

Управувачкото тело на фудбалот во Австралија конечно се откажа непопуларната Национална политика за идентитет во клубот (NCIP) и ја замени со термините „Принципи на инклузивност за клупскиот идентитет“.

„Овие нови принципи не се наменети да бидат прописи за применливост. Целта е да им помогнат на клубовите да бидат поинклузивни и гостопримливи кон луѓето од сите културни средини “, рече извршниот директор на ФФА Дејвид Галоп.

Се прашуваме дали членството на клубовите ќе инсистира да се променат имињата на клубовите и ќе се вратат старите етнички имиња или управите на клубовите ќе ја форсираат оваа нова мода со новите имиња со кои што клубовите моментално се регистрирани, ќе водат бизнис и ќе се игнорира Македонштината со цел да се најдат што повеќе спонзори на клубовите?

Извор: Fox Sports


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top