МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ СЕ МИЛЕНИУМСКИ, ДРЖАВАТА МОРА ДА НИ ОСТАНЕ ЕДИНСТВЕНА И СО ИМЕТО МАКЕДОНИЈА!

Ние сме Македонци, не од вчера, нашите корени на Македонскиот полуостров се со милениуми..

Во организација на Здружението на моторџиите “Антички Македонци“ во Перт, на 8ми Април во месноста Кингс Парк, се одржа мирен собир на Македонската заедица во Западна Австралија за унитарна и заедничка Македонија!

Македонскиот собир изрази поддршка на претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов и на движењето “За заедничка Македонија“.

Македонскиот собир ја отфрли “тиранската платформа“ и цврсто застана за унитарна и заедничка Македонија, за Македонскиот јазик како еден и единствен службен јазик на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

- Ние сме Македонци, не од вчера, нашите корени на Македонскиот полуостров се со милениуми. Нашата земја, нашата држава отсекогаш била, е и ќе остане Македонија, и нема сила што тоа може да го промени! Ние отсекогаш сме биле, сме и ќе останеме Македонци! Нашиот јазик отсекогаш бил Македонскиот јазик! Бараме безусловен крај на разговорите за разликата за државното име Македонија и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, - рече Александар Шапкароски, претседател на Здружението на моторџиите “Антички Македонци“ во Перт и претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Западна Австралија.

Македонците во Западна Австралија отфрлија референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор заради промена на државното име Македонија. За Македонците во Западна Австралија прашањето за името на државата еднаш и засекогаш е затворено со референдумот од 8 септември 1991 година!



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top