Макрон бара нови разговори со лидерот на жолтите елеци

Емануел Макрон побара од премиерот Едуард Филип да се сретне со лидерите на најголемите политички партии и претставници на Движењето „жолти елеци.“.

Макрон побара од министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, да размисли за измени на безбедносните процедури, со цел спречување на протестите, пренесува АП.

Минатата недела не се одржа средба меѓу премиерот и претставникот на „жолтите елеци“ откако не беше прифатено нивното барање разговорот да се пренесува во живо.

Полицијата соопшти дека во протестите во саботата во Париз, биле повредени 133 луѓе, меѓу кои 23 полицајци.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top