Макрон: Cамитот на НАТО конструктивен

Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени вчерашниот самит на НАТО во Лондон за позитивен и конструктивен..

Макрон сепак наведе дека стои зад неговата претходна оценка дека Алијансата е „мозочно мртва“, наведувајќи дека таа довела до дебата во НАТО за важни стратегиски прашања. 

„Кога има мраз, треба и мразокршачи“, изјави Макрон кој додаде дека е прерано да се каже дали сите сојузници се согласуваат околу идните приоритети на НАТО.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top