Макрон: Да бидеме достојни на ветувањето од пред 30 години

Претседателот на Франција Емануел Макрон на годишнината од падот на Берлинскиот ѕид ги повика луѓето да буда „достојни на ветувањето“ од пред 30 години..

„Пред 30 години ѕидот на падна. Тој беше урнат со храброста на илјадници жени и мажи желни за слобода. Тие го отворија патот кон обединувањето на Германија и единството на Европа“, наведе Макрон на Твитер, во порака објавена на француски и германски.

Макрон утре ќе отпатува во Берлин на средба со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот Франк Валтер Штајнмаер.

Францускиот премиер Едуар Филип во снимка објавена на Твитер наведе дека за падот на Берлинскиот ѕид дознал на предавање, додека бил студент на политички науки.

„Сите станаа, сите плескаа, сите се бакнуваа. Мислам дека се враќам на забавата“, кажа францускиот премиер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top