Макрон: ЕУ треба да создаде вистинска европска војска

Францускиот претседател Емануел Макрон за француското радио „Европа еден“ изјавил дека повлекувањето на Вашингтон од Договорот за нуклеарните ракети со среден дострел (INF) ќе ја загрози безбедноста на Европа..

Францускиот претседател Емануел Макрон за француското радио „Европа еден“ изјавил дека повлекувањето на Вашингтон од Договорот за нуклеарните ракети со среден дострел (INF) ќе ја загрози безбедноста на Европа, сугерирајќи дека ЕУ треба да развие “вистинска европска војска“.

Тој се заложил за “посилна, заштитничка Европа“, истакнувајќи дека европскиот континент станува се повеќе расцепкан и оти национализмот е во пораст.

Според неговите зборови, и национализмот и влијанието на странските сили претставуваат закана за суверенитетот за Европа, додавајќи дека тој се обидува да промовира “една суверена и мултилатерална Европа“.

„Нема да можеме да ги заштитиме Европјаните доколку не се определиме за вистинска европска војска“ – изјавил Макрон инсистирајќи дека Европа мора да се брани на многу „посуверен начин“ не само да зависи од Америка.

Макрон повикал на заштита од Кина, Русија, па дури и од САД, истакнувајќи дека неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, да се повлече од INF ќе ја загрози безбедноста на Европа.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top