Макрон го нападна Трамп: Нека продолжи да си игра политика

Францускиот претседател Емануел Макрон му одговори на Трамп и на неговата порака на Твитер дека е срамна идејата за создавање европска армија..

Макрон по нападите на Трамп рече дека две сојузнички земји како САД и Франција мора меѓусебно да се почитуваат и дека Франција е американски сојузник , а не вазалска држава.

Во пет постови на Твиртер вчера Трамп ја критикуваше Франција поради поразот што речиси го доживеале Французите во двете Светски војни , за ниската популарност на Макрон , па дури из а винската индустрија.

,,Мислам дека Французите не очекуваат да одговарам на твитови , туку да ја продолжам нашата важна историја.Мислам дека Трамп си игра политика и го пуштам да продолжи да си игра”, рече Макрон во изјавата дадена на носачот за авиони ,,Шарл де Гол”.

Во неделата американскиот претседател со сопругата беше гостин на Макрон на прославата на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна во Париз.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top