Макрон: Катедралата Нотр Дам ќе ја обновиме за 5 години

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека катедралата Нотр Дам, која беше делумно уништена во пожар, ќе биде обновена за пет години..

„Ќе ја обновиме катедралата и ќе биде уште поубава. Сакам изградбата да биде завршена за пет години“, рече претседателот во кратко телевизиско обраќање, 24 часа по огромниот пожар кој избувна во Богородичната црква во Париз.

Макрон рече дека има многу да се изгради и реконструира и им се заблагодари на пожарникарите, донаторите и полицијата за безрезервната помош.

Донациите од голем број светски компании и богати поединци за обнова на катедралата Нотр Дам само за еден ден надминаа 600 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top