Макрон: Ќе ја поддржам Меркел како претседател на ЕК ако се кандидира

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека ќе ја поддржи кандидатурата на германската канцеларка Ангела Меркел за претседател на Европската комисија, ако таа се кандидира..

Тој тоа го рекол на брифинг по завршувањето на првиот ден од самитот на ЕУ, на кој лидерите не успеаја да се договорат кој да го замени Жан Клод Јункер на раководното место.

-Немам ништо против кандидатура од Германија. Сум го кажал тоа и не се шегувам. Ако канцеларката биде кандидат, јас би ја поддржал, бидејќи сметам дека таа располага со квалитети и вештини да биде многу добар претседател на комисијата, изјави Макрон.

– Но, таа не го сака тоа, и длабоко ја почитувам нејзината одлука – додаде тој.

Францускиот претседател води кампања за блокирање на кандидатот на Меркел, Манфред Вебер, кој е заменик-претседател на баварската партија Христијанско социјалната унија (ЦСУ).

Меркел изрази загриженост поради недостиг на јасно мнозинство за Вебер, како меѓу лидерите на ЕУ, така и во Европскиот парламент.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top