Макрон оди во Кина за да ги истурка Британците од мапата

Емануел Макрон ќе се обиде да ги убеди кинеските партнери дека Франција е новата значајна европска земја со која треба да ја вршат главната соработка, а не со Велика Британија..

Франција и Кина имаат меѓусебна трговска соработка изразена во 170 милијарди евра годишно, но ова ниво на трговија и инвестиции може значително да се зголеми по Брегзит кога голем број на британски компании нема да ги имаат досегашните поволности на единствениот европски пазар, ниту пак државните институции на Велика Британија ќе го имаат истото влијание врз Брисел и унијата.

Таа улога ќе се обиде да ја преземе Франција која сака да излезе од економската сенка на Британија и да се наметне како посилен политички фактор на меѓународно ниво од Велика Британија која пак, сега е во внатрешен хаос и има огромни последици по референдумот за Брегзит.

Промените ги гледаат и во Бежинг, каде врвот на комунистичката партија на Кина, е се поблизок во дипломатските односи со Франција како политички сојузник во Европа. Кина и натаму ја гледа Германија како економски сојузник, но односите со претседателот Макрон може значително да се променат.

Макрон три дена ќе биде во Кина и успешно ја претрка британската премиерка Тереза Меј која дури на крајот на месецов ќе ја реализира својата посета на кинеската држава.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top