Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси

Вашингтон се закани дека ќе наметне даноци..

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска објави дека имал одличен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп за дигиталните такси, со порака дека двете држави ќе работат на спречување на ескалацијата на таксите.

„Ќе работиме заедно на добар договор за да избегнеме ескалација на таксите“, напиша Макрон на „Твитер“.

Во јули Париз одлучи да наметне данок од три проценти на приходите од дигитални услуги, што ги остваруваат фирми со приходи над 25 милиони евра во Франција и 750 милиони ширум светот, соопшти „Ројтерс“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top