Макрон утре ќе се сретне со синдикалците

Емануел Maкрон утре ќе се сретне со претставници на синдикати, здруженија на работодавачи и локалните власти, по насилните протести против високите трошоци на живот.

Средбата ќе се одржи по насилните протести на движењето „Жолти елеци“ кои се одржуваат веќе четири викенди по ред. На протестите што се одржаа вчера ширум Франција учествуваа околу 136.000 демонстранти, а 1.700 беа уапсени.

„Претседателот сака да ги собере политичките, економските и социјалните сили во овие тешки времиња и да ги слушне нивните предлози и мислења и да ги вклучи во решавањето на ситуацијата“, вели истиот извор.

Според весникот „L’Opinion“ целта на средбата е Макрон да ги претстави мерките за кои претседателот подоцна во текот на денот ќе има обраќање до нацијата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top