Макрон утре во посета на островот Свети Мартин, погоден од Ирма

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе го посети островот Свети Мартин, погоден од ураганот Ирма, соопшти синоќа француското Министерство за внатрешни работи..

„Макрон ќе тргне кон Свети Мартин ноќта меѓу понеделник и вторник. Претседателот ќе разговара со мештаните и со локалните официјални лица“, рече Жерар Коломб, министер за внатрешни работи по состанокот во Елисејската палата.

Француското претседателство уште во четвртокот соопшти дека Макрон ќе ги посети загрозените прекуморски подрачја штом временските прилики ќе го дозволат тоа.

Коломб објасни дека државата од самиот почеток се справува со ситуацијата, откако во јавноста се појавија критики за организирање помош за Свети Мартин.

Тојдодаде дека се воспоставени воздушни мостови за пружање помош на загрозеното население.

Според првите проценки, штетатат на островите Свети Мартин и Свети Бартоломеј би можела да биде 1,2 милијарди евра.

Во налетот на ураганот Ирма на Кариби загинаа 25 лица.

Според соопштенијата од различни Влади под чија надлежност се делови од територијата на Карибите, од настраданите 25 лица, 10 загинале на француските острови Свети Мартин и Свети Бартоломеј, шест  на британска територија, четири лица загинале на американските Девствени острови, две лица во Порторико, две лица загинале во холандскиот дел на Свети Мартин и едно лице загинало на островот Барбуда.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top