Малдини се бори со сите сили, го обезбеди првото засилување за идната сезона

Неколку години екипата на Милан не успева да се врати во Лигата на шампионите, а без финансискиот ефект од ова натпреварување, тешко е да се бори на трансфер пазарот..

Сепак, Паоло Малдини и неговиот сектор некако успеваат да го држат чекорот со фудбалери кои не се од светскиот фудбалски крем, но кои некако го оджуваат клубот. Најважно е што доаѓаат за малку пари или без отштета, каков што ќе биде случајот со напаѓачот на Марсеј, Флоријан Тован.

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини успеа уште сега да го договори трансферот кој секако ќе биде од голема помош за екипата. Тован е член на Марсеј четири сезони, претходно се обиде во Премиер лигата, во Њукасл, но не успеа, но во Милан и притисокот ќе биде помал, па ќе може да го покаже сиот свој квалитет


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top