Малку позната исламистичка организација одговорна за убиството на тројцата израелски тинејџери

Групата воедно се закани со масакр врз Палестинската управа на палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави палестинската агенција Маан..

Малку познатата исламистичка група „Ансар ас-Давла ал-исламија“ (Приврзаници на исламската држава), ја презеде денеска одговорноста за грабнувањето и убиството на тројцата израелски тинејџери, чии тела вчера беа најдени на Западниот брег, по 18 дена потрага.

Групата воедно се закани со масакр врз Палестинската управа на палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави палестинската агенција Маан.

Овој потег само уште повеќе ја искпомпликува ситуацијата  на Западниот брег, каде Израел од самиот почеток за грабнувањето го обвинува Хамас, додека хамасовци ја демантираат вмешаноста.

Израелската војска соопшти дека изминатата ноќ извела 34 напади врз цели во Појасот Газа, наведувајќи дека била гаѓана терористичката инфраструктура.

Истовремено се напоменува дека ова е одговорот на претходното ракетирање на југот на Израел од Појасот Газа, кого, де факто, го  контролира Хамас, иако се чини дека, за сега, сметките за грабнувањето се наплаќаат во ова палестинско подрачје.

Во овој момент нема јасни навестувања во кој правец ќе се движи одмаздата на Израел, но се очекува ескалација на насилство, наведуваат тамошни познавачи на состојбите.

Израелските медиуми јавуваат за жестока дебата на синоќешниот состанок на постесниот состав на Владата задолжен за безбедноста, на кој бил разгледуван одговорот на Израел на убиството на тинејџерите. Министерот за економија Нафтали Бенет, лидер на десничарската партија Еврејски дом, досегашните предлози за одмазда ги оценил како „слаби и срамни“, заканувајќи се дека ќе гласа против одлуката на Владата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху го одложил гласањето за седницата што треба да се оддржи вечеерва, пренесуваат израелскире медиуми.

Во меѓувреме канцеларијата на Обединетите нации за човекови  права апелираше до сите Израелци и Палестинци да покажат максимална возддржаност.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top