Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Коке

Коке, ќе биде првото засилување за Манчестер Јунајтед, во јануарскиот преоден рок..

Играчот од редот за врска на Атлетико Мадрид, Коке, ќе биде првото засилување за Манчестер Јунајтед, во јануарскиот преоден рок.

Како што пренесува „insidespanishfootball.com“, во петокот вечерта, бил договорен трансферот на Коке, за кој Манчестер Јунајтед ќе плати сума од 36 милиони евра.

Инаку тренерот на јорганџиите, Диего Симеоне, се противел Коке да биде продаден, но на крајот, морал да ја прифати одлуката на челниците луѓе на клубот.

Според истиот извор, Атлетико, парите кои ќе ги добие од трансферот на Коке, ќе ги искористи за да го откупи договорот на Ерик Ламела, кој не се снаоѓа во Тотенхем, но и да го донесе во своите редови Матје Валбуена од Олимпик Марсеј.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top