Манчестер Јунајтед има поевтина варијанта за дефанзивата од Мегвајр

Манчестер Јунајтед треба да размисли да ја отфрли понудата за Хари Мегвајр од Лестер, која била се уште на маса пред „лисиците“ и да донесат друг фудбалер..

Поранешниот велшки фудбалер а сегашен новинар, Дин Сандерс, смета дека Јунајтед треба да размисли и за Тоби Алдевиралд од Тотенхем.

Тоби Алдевиралд има откупна клаузула од 25 милиони фунти, кои не се проблем „ѓаволите“ да ги платат доколку решат да ги променат плановите со Мегвајр.

„Смешно е, 80 милиони фунти за Хари Мегвајр, тоа сигурно не е негова вина, но кога ќе запре ова? Тие треба да си размислат, дали да го ангажираат Тоби Алдевиралд за 25 милиони фунти или Мегвајр за 80. Тој е 30 години и веројатно еден од најдобрите во негови години“, смета Сандерс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top