Мандат за нова влада и конститутивна собраниска седница

Пендаровски денеска напладне ќе му го довери мандатот за состав на новата Влада на лидерот на СДСМ и пратеник во Собранието Зоран Заев, соопшти Кабинет на шефот на државата..

“Зоран Заев, во име на коалицијата „Можеме”, којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата”, бешенаведено во соопштението од Кабинетот на претседателот.

По ова претседавачот и поранешен собраниски спикер Талат Џафери за денеска попладне го закажа продолжувањето на конститутивната седница која почна на 4-ти август. Тој за ова ги известил сите парламентарни партии, а седницата треба да заврши со избор на нов претседател на Собранието. „Потегот на Пендаровски за мене беше сигнал дека е обезбедено потребно владејачко мнозинство, бидејќи мандат според Уставот се дава на партијата односно партиите што имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Ако има вакво мнозинство ќе има мнозинство и за избор на претседател на Собранието“, изјави Џафери за медиумите.

За денеска е најавена и средба на партиите од албанскиот блок, иако е неизвесно дали лидерите на Алијанса за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива Африм Гаши ќе присуствуваат на истата. Тие рекоа дека се за средба на албанските партии, но таа да се одржи следната недела. Претставници за Беса веќе изјавија дека се против ваква средба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top