Манекенката Благица се омажи за братот на министерот Спиро Ристовски

Благица и Виктор го очекуваат своето прво дете.

Манекенката Благица Мицова завчера се омажи за бизнисменот Виктор Ристовски, брат на министерот за образование и наука Спиро Ристовски, пишува дневниот весник Вест. Свадбената веселба се одржала во хотелот “Континентал” во Скопје, во присуство на бројни личности од јавниот живот на Македонија. Како дел од гостите биле фолк-пејачката Елена Велевска со сопругот, поп-пејачката Сања Лефкова, поранешниот модел Делфина Митропетроу, актерот Тони Михајловски и многу други. Гостите ги забавувал поп-пејачот Ѓоко Танески, а министерот Спиро бил еден од најрасположените гости. Старосватица на невестата и била нејзината пријателка, поранешниот модел Викторија Јаначковиќ.
Бизнисменот Пере Јованов, познат во Неготино како Доди ал Фаед, ги запознал убавата неготинка и неговиот пријател од Скопје.
“Јас бев тој што ги запозна и на некој начин ја поттикна нивната љубов пред повеќе од шест месеци. Затоа сега, како што е адетот, заслужено ќе износам бели чевли од младоженецот”, вели Јованов.
Благица и Виктор го очекуваат своето прво дете и засега не планираат меден месец. Мицова, која пред неколку години се откажа од манекенската кариера, се пресели од Неготино во Скопје и работи како менаџер на Националната групација за судски вештачења, а сопругот е сопственик на фирма за мебел. 


Copyright 2014 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.





Scroll To Top