Марадона: Би го претепал Икарди

Пред некое време тие сите заедно беа на одмор.

Диего Марадона воопшто не го штедеше својот сонародник Мауро Икарди во својата изјава со која го коментираше „инцидентот“ кој го предизвика младиот аргентински напаѓач. Фубалерот на Интер се заплетка во љубовен триаголник со неговиот седум години постар сонародник Макси Лопез и неговата досегашна сопруга, Ванда Нара.

Пред некое време тие сите заедно беа на одмор потенцирајќи го големото пријателство, за неодамна Икарди јавно да признае дека е заљубен во сопругата на Лопез, по што таа го напушти својот сопруг за да биде со 20-годишниот фудбалер.
 - Би рекол дека Икарди е предавник. Замислете тој одел во куќата на Макси Лопез, се преправал дека е негов пријател и на крај му ја украде сопругата. Знаете што правевме со тие како него во мое време? Ќе го опкружевме и ќе го претепавме, - вели Марадона во изјава за аргентинските медиуми.
Интересно е што за атрактивната Ванда се шпекулираше дека била во врска и со Марадона пред да го запознае Макси Лопез, а овој пак минатата сезона играше заедно со Икарди во дресот на Сампдорија. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top