Маричиќ: Чулев доведе во опасност меѓународна акција против дрога, која се водеше цела година

Бојан Маричиќ од СДСМ и владин советник вечерва во гостување на Алсат М го обвини техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев дека ја довел во опасаност меѓународната акција против дрога..

- Во трка по ексклузивни информации и покритие на овие лажни тези на ВМРО-ДПМНЕ, дека нивниот технички министер се бори против криминалот и корупцијата, во трка на поткрепа на таа лажна слика, се растури, односно се доведе во опасност една сериозна акција за борба против дрогата, во меѓународен канал, во акција којашто е работена повеќе од година дена. Значи, почната е во време кога премиерот Спасовски беше министер за внатрешни работи и за едно кило кокаин се доведе во прашање акција којашто навистина требала да биде за 1,3 тони, рече Маричиќ.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top