Маријана и Мишела повторно најдобри во Австралија

Стефани Димовска потврди дека е најдобра во кати до 13 години. Макалја Тасевска освои три медали а медали освоија и Тео Цветковски и Филип Јовановски.

Сестрите близначки Маријана и Мишела на Националното првенство на Австралија во карате ја потврдија својата доминација во кати. Како и минатата така и годинава ги освоија првите две места до 21 година но и во сениорска конкуренција.
Маријана беше поуспешна од Мишела во двете финалиња и ги освои златните медали. Мишела мораше годинава да се задовоили со сребрените медали.

Marijana and Mishela Dimoski

Стефани Димовска во кати за деца до 13 години повторно потврди дека е најдобра во Австралија освојувајќи го златниот медал.

Stephanie Dimovska

Макајла Тасевска освои три медали на оваа првенство. Сребро во кати до 13 години, бронзен медал во борби до 47 кг и златен медал во борби екипно за Викторија.

Makayla Tasevska

Тео Цветковски во борби во јуниорска конкуренција го освои третото место и бронзениот медал.

Teo Cvetkovski

На оваа национално првенство во карате кое се одржа во Квинсланд медал освои и Филип Јовановски. Тој во категорија за деца до 10 години во кати го освои второто место.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top