Маријана Новачевска оваа недела ќе пее на Македонскиот Фестивал за Храна во Футскрај 2019

Оваа недела сите патишта водат кон Футскрај Парк.


Маријана Новачевска на сите ни е позната како пејачката од познатото дуо Маријана и Росана.

Долги години Маријана и Росана ја креваа Македонската публика во Македонија на нозе.

Сестрите близначки за најпопуларни и најпосакувани фолк пејачки на естрадата во Македонија.

Судбината ги раздели двете сестри, Росана остана во Македонија, а Маријана замина за Австралија.

Маријана кога пристигна во Австралија ја продолжи својата кариера како солист и беше добро прифатена од Македонската публика во Австралија.

Но, порадни оправдани птичини, Маријана кариерата ја продолжи во медицината каде успешно работи веќе долги години.

Во последно време Маријана побторно од време на време запејува по барање на публиката.

Македонците во Австралија сметаат дека местото на Маријана е на музичката сцена.

Во недела на 27-ми Октомври во Футскрај паркот се одржува најголемиот Македонскиот Фестивал за Храна во Австралија.

Како што и претходно пишувавме, фестивалот изобилува со изненадувања, и едно од поголемите изнандувања е настапот на Маријана Новачевска.

Имено, Маријана со задоволство се одзва на поканата и прифати да запее и да ги развесели срцата на Македонците кои што ќе присуствуваат на Македонскиот фестивал за храна бо Футскрај.

Организаторите ги покануваат сите Македонци кои се слободни во недела да повелат и да уживаат во песните од прекрасното грло на Маријана Новачевска која како што претходно напоменавме ретко имаме можност да ја слушнеме поради нејзината одлука кариерата да ја продолжи во Медицината.

Фестивалот ќе изобилива со многу музика, добри Македонски специјалитети и ќе биде изведено најдолкото македонско оро во Австралија.

Почитивани Македонци, не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој настан, затоа што поддржувајќи го овој мастам ја поддржуваме македонската култура и традицијаи воедно испраќаме силна порака до сите во Македонија дека обединети сме посилни и дека Македонија е една и единствена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top