Марин и Шилегов ветија почести автобуси за граѓаните од Тодор Чангов

Марин посочи дека во населбата се проблем азбестните кровови на куќите за чија промена ќе се обезбедат фондови од Европската Унија..

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Аеродром, Златко Марин и кандидатот за градоналник за Скопје Петре Шилегов вчера им ветија на граѓаните во Тодор Чангов промена на возниот ред на автобусите и почести линии.

- Предвидуваме изградба на нова градинка во Чангов, проширување на улицата „41“ и сообраќајна сигнализација на сите улици за поголема безбедност. Со град Скопје ветуваме субвенционирање за набавка на печки за греење на еколошки горива, како и субвенции за ископ на бунари или мотори за наводнување - рече Марин.

Марин посочи дека во населбата се проблем азбестните кровови на куќите за чија промена ќе се обезбедат фондови од Европската Унија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top