Марк Закерберг се сретна со Макрон: Оптимист сум за Фејсбук

Главниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг по разговорот со францускиот претседател Емануел Макрон изрази оптимизам во врска со законодавството за социјалните мрежи..

Закерберг на новинарите по средбата со Макрон кусо им одговори дека е охрабрен и оптимист во врска со законодавството , кое француските власти го разгледуваат , а се однесува на социјалните мрежи.

,,Се надевам дека тоа би можело да биде модел зџа Европската Унија.” , изјави Закерберг во Париз.

Француските власти предлагаат осниовање на независно административно тело во секоја европска држава, со задолжение да го следат начелото на транспарентност во утврдување на приоритетите и модерирање на содржините што ги објавуваат корисниците на социјалните мрежи.

Марк Закерберг на 30 маерт во повеќе медиуми објави повик до сите влади за поактивна улога во регулирањето на интернетот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top