Марко Асенсио се запиша во историјата, Реал прв дојде до 6.000 голови, а Бензема погоди првпат по три месеци!

Реал Мадрид синоќа запиша гостинска победа над Бетис со 5:3, но „Кралевите“ на овој дуел станаа и првата екипа која ја минала бројката од 6.000 постигнати голови во шпанскиот шампионат..

Марко Асенсио повторно покажа дека Зидан мора посериозно да смета на него. Откако во мечот со ПСЖ директно влијаеше на пресвртот и победата на Реал од 3:1 со две асистенции, тој синоќа постигна и два гола против Бетис. Особена тежина има неговиот втор погодок, со оглед на тоа дека тоа беше 6.000. погодок за Реал Мадрид во Ла Лига.

Така, тој влезе во друштво на легендарните Лазкано (прв гол во историја на Реал), Паињо, Пако Генто, Хуанито, Заморано и Гути кои ги постигнувале јубилејните погодоци за Реал во историјата.

Интересно, синоќа и Бензема постигна погодок, а тоа беше негов прв гол во првенството уште од ноември, кога стрелаше во победата над Малага од 3:2. На 17 натпревари сезонава Бензема има само три гола, па разбирливо е незадоволството на навивачите кои му свиркаат на секој натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top