Марсеј испраќа 100 милиони евра за тандемот на Арсенал

Сопственикот на Олимпик Марсеј, американскиот милијардер минатото лето го купи клубот за 45 милиони евра и се обврза дека во него ќе вложи 200 милиони евра во следните пет години..

Прво што направи беше донесувањето на некогашниот директор на Барселон, Андони Зубизарета и доверувањето на трансфер политиката.

Марсеј тоа го покажа изминатата зима кога вложи скоро 50 милиони евра за засилувања како Паје, Евра, Сансон,Сертиќ… Трансферот на Паје беше петтиот најголем во Европа изминатата зима, а тоа се чини беше само почеток.

Вистинската трансфер бомба се подготвува за следното лето. Според информациите од Франција, Зубизарета доби одрешени раце од Мекорт да понуди 100 милиони евра на Арсенал за францускиот тандем Жиру-Кошчелни.

Меѓутоа, проблемот е што обајцата го продолжија својот договор со „Топчиите“ во јануари. Жиру до 2019. година, Кошчелни до 2020. година. Но, доколку Марсеј навистина постави понуда од 100 милиони евра, а играчите имаат желба да се вратат во својата татковина се е можно…

Марсеј има и резервни опции. Се бара засилување во нападот, а опциитесе ѕвезди на италијанските великани. Карлос Бака од Милан и Марио Манџукиќ од Јувентус. Бака е на излезна врата на Милан, а Гарсија го сакаше уште кога беше тренер на Рома, додека Колумбиецот играше во Севиља. Што се однесува до Манџукиќ и тој би можел да го напушти Јувентус. Има понуда од Кина, но и од Премиер лигата. Па оттаму Марсеј ќе мора сериозно да се потруди.

На мета на Марсеј се уште двајца Французи од ПЛ. Џоан Кабај од Кристал Палас и Муса Сисоко од Тотенхем.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top