Марсело открива: Реал се обидуваше да ме испрати во друг клуб

Бразилскиот ас Марсело открива дека „кралевите“ се обидувале да го испратат во друг клуб, но дека неговата желба била да остане во Мадрид..

Уште при неговото пристигање во Мадрид, Марсело го убедувале за позајмица, но тој имал јасни намери, да остане во Реал.

„Кога пристигнав во тимот на Реал, имав само 18 години, се обидуваа да ме испратат на позајмица, јас го одбив тој предлог. Знаев дека сакам да станам нешто важно во овој тим“, истакна Марсело.

Бразилецот не открива каде се обидувале да го испратат на позајмица, но се претпоставува дека е кај некоја понископласирана екипа од Примера.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top