Марш против законот за абортус во Викторија

Повеќе од 20.000 бебиња секоја година се убиваат пред да се родат во Викторија..

На 10 октомври 2008 година,  Парламентот на Викторија го донесе законот за абортус , еден од најекстремните законите за абортус во светот. Со овој закон се елиминирани секаква правна заштита за децата од   Викторија се до моментот на раѓањето.

Во сеќавање на овој срамен ден, секоја година организаторите на не-профитната група Марш за Бебињата водена од пратеникот на  Либералите Берни Фин , се собираат да маршираат за бебињата кои никогаш не го виделе светлото на денот во Викторија. Повеќе од 20.000 бебиња се убиваат пред да се родат  во Викторија секоја година.

Заедно со маршот изразуваат длабока неодобрување за неуспехот на  Влада да :

- Да дадат заштита на основното право на живот на секој човек во  државата.

- Да нудат вистинска помош на жените во критична бременост, и оние кои страдале од абортус.

- Да дозволат слобода на совест за нашите здравствени професионалци.

Главната причина за маршот е Владата да го укине  законот кој им овозможува на бебињата да бидат убиени сè до моментот на раѓањето , и е најекстремен во западниот свет .

Повеќе од 8.000 луѓе на маршот од Католичката и Англиканската црква силно го поддржуваат потег. За жал, мирниот марш беше вознемирен од контра- демонстранти организирани од страна на Социјалистичката Алтернатива, Партијата на зелените и секс партија , каде дојде и до физички пресметки.

За повеке информации видете го видеото од канал 9 на следниов линк: 

http://video.news.ninemsn.com.au/


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top