Марш за демократија на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Алијанса за Албанците и Алтернатива протестираа за демократија, но заштитните маски против корона вирусот ги заборавија дома..

Без социјална дистанца и почитување на заштитните мерки голем дел од поддржувачите на маршот кои сепак имаа заштитни маски, не ги носеа правилно.

Со албански знамиња и знамињата на ЕУ и САД, а без македонското, вечерва се маршираше од паркот Чаир, преку Владата па се до Делегацијата на ЕУ во Скопје. 

Лидерот на Алијасна за Албанците, порача дека со масовноста е покажана слободната волја на граѓаните и ги нарече парламентарните избори законски но никако легитимни. 

 - Ние доставивме приговори до ДИК, но сите наши приговори беа одбиени. После тоа ние го употребивме нашето законско право да поднесеме тужби до Управниот Суд каде што сите знаете дека ни беа одбиени. Ние не очекувавме нешто поинаку затоа што, таму знаеме кои се судиите и како се избрании на кој начин. И една од причините за кои овој народ е незадоволен е токму тоа што судството и администрацијата се политизирани до максимум. - изјави Зијадин Села Алијанса за Албанците.

Двете партии соопштија дека за нив ДУИ не е победник на изборите, туку крадец на албанската политичка волја и затоа не може да бараат обединување. 

- Манипулацијата со волјата на албанските гласачи, што веќе се случува на неколку изборни циклуси и која беше брутално истакната особено на последните избори, е аларм за нас дека ако не реагираме денес, утре може да биде предоцна. - рече Африм Гаши Алтернатива.

Двјцата лидери порачаа дека борбата за демократија ќе продолжи и потсетија дека имаат пратеници кои ќе бидат гласот на Албанците. Меѓу транспарентите во првите редови можеа да се прочитаат пораките  „Нашата демократијата беше хакирана“, „Крадци во затвор, не во Владата“, Нè направивте сиромашни за да не купите“ и „Државен изборен криминал“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top