Мартина Хингис го претепала сопругот

Поранешната најдобра светска тенисерка, Швајцарката Мартина Хингис (32), е осомничена за семејно насилство..

Нејзиниот сопруг, Тибалт Хутин, тврди дека таа го претепала и тоа со помош на мајка и и партнерот на мајка и.

Хутин уште порано јавно ја обвинуваше сопругата дека го изневерува со голем број мажи, но сепак некое време и простувал. Во последно време брачната двојка живее одвоено, а оваа недела во нивниот заеднички стан се случил инцидент, кој делумно го потврди и швајцарската полиција.

Хутин ја раскажал својата верзија за швајцарскиот дневен весник „Blick“.

- Во понеделникот навечер бев во нашиот заеднички стан кога се појавија Мартина, нејзината мајка Мелани Молитор и партнерот на мајка и Силвио. Наскоро почнаа да ме тепаат, а бидејќи моето воспитување налага да не тепам жени, не возвраќав. После тоа и Силвио ме погоди со ДВД уред. Кога заминаа, сфатив дека ми го зеле пасошот и кредитните картички. Веднаш после тоа викнав полиција - раскажа Хутин.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top