Масакр во Мексико, десет лица убиени

Властите потврдија дека трагедијата се случила во Лома Бланка, во долината Хуарез и дека во куќата и околу неа се пронајдени десет безживотни тела..

Една жена, нејзината седумгодишна ќерка, тројца тинејџери и петмина мажи, се убиени, на северот на Мексико, во близина на градот Сиудад де Хуарес, откако вооружен напаѓач влегол во куќата во која што ја прославувале победата на бејзбол екипата на Кардиналис.

- Неколку тела се пронајдени на десетина метри од куќата, што укажува на тоа дека жртвите се обиделе да побегнат и да се спасат. Се претпоставува дека во нападот е користено автоматско оружје. Мотивот за убиството се уште не е познат - велат официјални лица од полицијата.

Крвопролевањето успеале да го преживеат дваесетина лица, меѓу кои и менаџерот на Кардиналис.

Ова е инаку една од најголемите трагедии во овој дел на Мексико, по убиството од 2010 година, кога во работничкото предградие Сиудад де Хуарес на роденденска забава беа убиени 15 лица.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top