Маск му се извини на британскиот спасувач кого го нарече педофил

Сопственикот на врвните технолошки компании Спејс икс и Тесла Елон Муск му се извини британскиот нуркач- спасувач во пештерата во Тајланд, кого на Твитер го нарече “педофил”..

Тој рече дека неговата реакција била искажана во состојба на гнев откако Верн Ансворт ја исмејувал мини-подморница што Маск ја нарачал за спасувачката акција, нарекувајќи ја маркетиншки трик.

Ансворт во понеделникот изјави дека размислува да го тужи Маск.

-Неговите коментари против мене не ги оправдуваат моите постапки кон него, и за тоа се извинувам, изјави Маск.

-Не се мачи да покажуваш видео. Ние ќе направиме едно кога мини подморницата ќе го помине целиот пат во пештерата. Извини педофилу, сам си го бараше, напиша Маск на Твитер, но подоцна го избриша постот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top