Маск за Tesla: Остануваме јавна компанија

Елон Маск навистина сакал да ја претвори Tesla во приватна компанија, но на крајот нема да го стори тоа, станува јасно од изјавата на оваа тема по консултациите со Silver Lake, Goldman Sachs и Morgan Stanley..

Претходно Маск објави во Twitter дека има план да ја претвори Tesla од јавна во приватна компанија, што ги вознемири силно инвеститорите и набљудувачите на пазарот. Нешто повеќе, Маск беше обвинет за обид да влијае на цената на акциите на компанијата, а од неговите активности се заинтересира и Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД.

Но едно ново соопштение на официјалниот блог на Tesla ја враќа ситуацијата околу компанијата за електрични автомобили на почетната точка. „Tesla останува јавна“, уверува Маск. Всушност, повеќето аналитичари не веруваа во искреноста на газдата на Tesla, кога тој рече дека ќе ги откупи акциите и ќе ја претвори во приватна компанија.

Маск тврди дека имал консултации со големи инвестициски фондови како Silver Lake, Goldman Sachs и Morgan Stanley, а исто така разговарал на темата со акционерите, за да се разбере што според нив е најдобро за иднината на компанијата во долгорочна перспектива.

Како резултат на сите овие консултации, Маск одбива да се приватизира – Tesla ќе продолжи да биде јавна, иако повеќето акционери се согласија да останат со компанијата, дури и ако се трансформираат во приватна.

Како една од главните причини за откажување од приватизацијата на Tesla, шефот на компанијата укажа на самиот процес на трансформација, кој бил потежок, од она што самиот Маск си го замислувал петходно.

„Сите сили на Tesla сега треба да се фокусираат на производството на Model 3“, вели менаџерот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top