Масовен помор на животни од топлотниот удар во Австралија

Австралија ги урива историските рекорди со дневни температури од 49 и ноќни од 36 степени целзиусови..

Највисока температура од 49,5 степени денеска е забележана во гратчето Порт Аугисто во јужниот дел на Австралија. Рекордите на температурата предизвикаа големи штети.

Освен топење на асфалтот на патиштата претходните денови , денеска е забележан масовен помор на животни.

Ренџерите вчера пронашле тела на 40 мртви коњи во близина на градот Алис Спрингс, на северот на земјата, а уште 50 биле толку дехидрирани и снеможени , што морале да ги умртват.

Во близина на местото има езеро, но тоа целосно пресушило , така што коњите останале без вода.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top