Масовен протест во Атина за „одбрана на Македонија“

Според полициски извори 140.000 Грци се собраа во Атина за да протестираат против разговорите за името и употребата на „Македонија“ во евентулниот договор..

Демонстранти дојдоа од сите делови на земјата – главната порака на националистите беше “Македонија е Грција“

Протестот беше поддржан од Грчката православна црква, од помалиот владин партнер „Независни Грци“, од најголемата опозициска партија Нова Демократија, од неофачистичката Златна Зора, како и од некои невладини организации. Еден од главните говорници беше Микис Теодоракис кој компонирањето музика денеска го замени со националистичко оратортсво.

“Треба да одбиваме каков било консензус се додека Скопје продолжува да ни се заканува со иредентистичка пропаганда. Навистина, за толку ли глупи не смета премиерот на Скопје кој мисли дека сме подготвени да ги симнеме панталоните. Тие кои не раководат сметаат дека ние сме ја заборавиле историјата. Ние сме народ кој отсекогаш сакал мир со соседите. Грција треба да се користи за да ги брани вистинските Македонци а не само на хартија да го прави тоа„ – изјави Микис Теодоракис – поранешен композитор

“Нашата црква сведочела за зборовите и крвта на поглаварите и грчкиот народ на наша Македонија уште од античкото време. Затоа не можеме да го прифатиме називот Македонија и ова име ниту еден друг додаток вметнат во друга држава.„ – рече Доротеос – потпретседател на Синотот на грчката црква

Паралелно со протестот на Синтагма, на оддалеченост од околу 800 метри, анархистички и антифашистички организации одржаа контра протест. Полицијата со блокови од полициски автобуси, го подели просторот за да се избегне контакт на двете групи и да се избегнат инциденти.Организаторите на протестот побараа Грција да не се занимава со национализам, туку со работничката класа и нивните секојдневни проблеми.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top