Масовна евакуација во Јужна Каролина поради ураганот Флоренс

Ураганот Флоренс најпрвин имаше категорија 4, но потоа ја намали силата. Сепак, според властите, тој и натаму претставува опасност..

Властите во Јужна Каролина соопштија дека над 400 илјади луѓе ги напуштиле крајбрежните подрачја на оваа американска сојузна држава и оти околу 4 илјади побарале засолниште поради ураганот Флоренс. 

Силниот ураган удри на брегот на Јужна Каролина поплавувајќи улици и предизвикувајќи прекин на електричната енергија. Ветровите се со брзина од 155 километри на час. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top