Мажите во Австралија живеат најдолго

Резултатите се последица од трајната стабилност и фактот дека Австралија има висок животен стандард долго низ годините..

Анализата со која биле опфатени 15 земји од светот покажува дека жените најдолго живеат во Швајцарија, каде очекуваниот животен век изнесува дури 79,03 години, а Австралија води кога е во прашање очекуваниот животен век на мажите (74,1 година).

Научниците од универзитетот Пенсилванија на чело со д-р Мишел Гило ги анализирале податоците од 15 земји во Европа, Северна Америка и Азија, во кои животниот век е долг. Помеѓу останатото, во тие земји спаѓаат и Норвешка, Јапонија, Шпанија, Данска и Белгија. 

На дното на листата за жени се наоѓаат Италијанките чиј очекуван животен век во просек изнесува 72,14 години. Најкраток просечен животен век имаат мажите во Португалија: 64,77 години.

Д-р Колин Пејн од Австралискиот национален универзитет, кој бил еден од лидерите на студијата, истакнал дека е врежано мислењето дека Јапонија и нордиските земји покажуваат одлични резултати кога се во прашање здравјето, благосостојбата и долговечноста.

“Но, исто така и Австралија. Резултатите се последица од трајната стабилност и фактот дека Австралија има висок животен стандард долго низ годините. Едноставните работи како што се доволната количина на храна и фактот дека не се соочуваат со големи конфликти играат важна улога”, додава Пејн.

Очекуваниот животен век на Јапонците е 68,52 години, а на Јапонките – 72,9.

Листа на земји во кои жените живеат најдолго:

- Швајцарија – 79,03 години

- Австралија – 78,79 години

- Норвешка – 78,61 година

- Шведска – 78,39 години

- Холандија – 78,17 години

- Велика Британија – 76,3 години

- Франција – 76,97 години

- САД – 76,43 години

- Данска – 75,83 години

- Финска – 75,17 години

Листа на земји во кои мажите живеат најдолго:

- Австралија – 74,1 година

- Шведска – 74 години

- Швајцарија – 73,7 години

- Норвешка – 73,1 година

- Холандија – 72,6 години

- Велика Британија – 72,33 години

- Данска – 71,87 години

- САД – 71,57 години

- Финска – 69,21 година

- Белгија – 68,83 години



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top