Меч за елита: Кјелини им се придружи на најголемите легенди

Италија игра против Португалија во Лигата на нации, а без разлика како ќе заврши натпреварот, Џорџо Кјелини ќе слави..

Причина за тоа е влезот во елитниот клуб на италијански репрезентативци со 100 или повеќе настапи. Досега во него имаше само шестмина – кој од кој: Дино Ѕоф (112), Андреа Пирло (116), Даниеле де Роси (117), Паоло Малдини (126), Фабио Канаваро (136) и Џанлуиџи Буфон (176).

Кјелини можеби нема да го стигне Буфон, но како седми кој ја достигнал магичната граница остварил исклучителен успех во кариерата. Дебитираше во 2004 година на пријателскиот натпревар против Финска, со само 20 години, но уште не мисли да се предаде.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top