Мекејн: Не верувам дека ќе има војна на Балканот

Претседавачот на Одборот за Вооружени сили при американскиот Сенат, Џон Мекејн изјави денеска во Сараево дека не верува оти на овие простори ќе има војна, но дека постојат области кои многу загрижуваат, што бара ангажирање од сите земји во регионот..

Ќе кажам дека новиот претседател на Србија веднаш дојде овде откако беше избран и не можеме да заборавиме дека судирот кој во првите 50 години од минатиот век го имаше вниманието од целиот свет, започна токму тука. 

Тоа е аргумент за нас светот да го фокусира вниманието и поддршката за изградба на демократија, кои се нагласени во Дејтонскиот договор. Не верувам дека ќе има војна, но сметам дека ова бара напори од сите земји во регионот, но и од други држави, вклучувајќи ги САД, да се ангажираат, истакна Мекејн.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top