Меланија против имиграциската политика на Доналд Трамп?

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вели дека е загрижена поради спорната политика на раздвојување на семејствата при нелегално влегување во САД, нагласувајќи дека „мрази кога децата се одвојуваат од родителите“..

Таа изрази надеж дека демократите и републиканците конечно ќе се договорат како да спроведат успешна имиграциска политика, јави Би-би-си.

Нејзините коментари доаѓаат по сѐ почестите критики против имиграциската политика со „нулта толеранција“ што ја спроведува администрацијата на нејзиниот сопруг и претседател на САД, Доналд Трамп. 

„Асошиејтед прес“ оценува дека е невообичаено за Меланија Трамп да се вмеша во жолчната политичка расправа по ова прашање, но и посочува дека таа не ја обвини директно политиката на „нулта толеранција“ на администрацијата на Трамп, која и доведе до пораст на бројот на деца што на границата меѓу САД и Мексико се одвојуваат од нивните родители.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top