Мелбурн го добива првото летачко Убер такси во светот

Мелбурн во Австралија ќе биде првиот град надвор од САД кој ќе и има свое летачко Убер такси. На тој начин Мелбурн ќе стане еден од светските лидери во јавниот превоз..

На овој начин Мелбурн  ќе го решава проблемот со големите сообраќајни гужви и ќе влезе во елитното друштво на Далас и Лос Анџелес, градови кои имаа свое аеро такси.

Тест летовите на аир таксито во Мелбурн ќе започнат во 2020 година, а комерцијалните возење  би требало да стартуваат од 2023 година , пренесува СНН.

Неколку компании веќе ги развиваат своите аеро такси како еден од новите начини на јавен превоз.

Од компанијата Убер сметаат дека летачкото такси е одлично решение за  сообраќајните гужви во големите градови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top